За период од 24 часа во државата активни беа 23 пожари, меѓу нив и пожарот кај “Брдаров камен” до Богданци. Овој огнен појас утрово од 6 до 10 часот, после 23 часовна борба со пожарот, го ставија под контрола 10 екипи составени од 76 лица кои учествуваа во гаснењето со 15 ПП возила од ШС, ДЗС, ТППЕ Гевгелија, ДППД Дојран и Валандово, ТППЕ Кавадарци, Штип, ЈП за комунални работи Богданци, а присутна беше и медицинска екипа од ОБ Гевгелија.
На терен беа присутни:
– ПШС Кожув Гевгелија со 15 вработени и 2 возила
– ПШС Саланџак Валандово со 4 вработени и 1 возило
– ТППЕ Гевгелија 4 пожарникари,1 џип и 1 ПП цистерна
– ТППЕ Валандово 2 пожарникари и 1 ПП возило
– ДЗС Валандово ( тим за брз одговор) 10 луѓе и 2 џипа
– ДППД Дојран 5 луѓе со 1 цистерна
– ДППД Валандово – 4 луѓе со 1 цистерна
– ЈПКД Комунална чистота 10 вработени и 1 возило
– ИМП Гевгелија 1 доктор 1 сестра и 1 возило
– ТППЕ Кавадарци со 8 пожарникари и 2 џипа
– ТППЕ Штип 4 пожарникари .
– 10 вработени од ЈПКД „Комунална чистота“ Богданци со 2 цистерни и 2 теренски возила
Вчера авионите на ЦУК „Ер трактори“ извршија 19 прелети над опожарениот појас, а хеликоптерите на МВР истурија 17 тони вода со што пожарот беше синоќа локализиран. Денеска немаше потреба од воздухоплови.
Пред две години Гевгелија и Богородица ја паметат најголемата огнена закана кај ГП „Богородица“ која траеше два дена, 3 и 4 август 2021 година.
Гевгелија памети дека ваков голем и заканувачки пожар имаше на 3 август 2021 година кога под закана беа хотел-казино “Фламинго” и БП “Шимов”, а следниот ден 4 август пожар изби позади хотел-казино “Скај” под закана беше и хотел-казино “Принцес и боровата шума кон с. Богородица.
По успешната интервенција и спасениот имот и заштитени човечки животи, во извештајот на ТППЕ беше наведено дека причина за пожарот е “човечки фактор”.
Каков “човечки фактор” проработе овој 3-ти август 2023 година!?
Фот-насловнао: Опожарениот појас кај Богданци денеска 04.08.2023 – Пожарот остави црнила зад себе, а ветерниците непречено работат