Синоќа на игралиштето „Пена“ во присуство на бројна публика се одржаа финалните игри на баскет турнирот посветен меморијално на гевгеличанецот „Иван Пенов“ кој загина во трагична сообраќајна несреќа во 2021 година.
На третиот одржан традиционален меморијал настапија 30 екипи и 90 младинци и младинки кои се натпреваруваа во три категории: јуниори, сениори и женски екипи.
Победници се:
1. „Pelagonia Tiric“ од категоријата Јуниори
2. „Casino Flamingo“ – од категоријата сениори, и
3. „Red Tigers“ од категоријата жени.
Организаторот обезбеди и додели пединечни награди, а нив ги понесоа:
1. Живко Старделов – најдобар шут од 3 поени
2. Јордан Кузманов – за најдобро забивање
3. Никола Бојчев – награда за МВП на финалето,
4. Филип Аблаков – награда за МВП на турнирот.
Завршницата на финалната вечер беше обоена со боите на победата, за спомен на Иван, за сеќавање на 18 годишниот кошаркар од Гевгелија.
Не си заборавен ПЕНА!