Гори кај с.Николиќ, дојранско.
Во 12:20 е побарана помош од ТППЕ Гевгелија која веднаш се упатила на терен.
Десетчлениот тим на ДППД Дојран веднаш се упатилл на опожарената локација за да интервенираат. Тие веќе се на терен.
Поради присуството на ветрот побарана е помош и од хеликоптерските сили на МВР за да се интервенира со вода со прелети над пожарот. Хеликоптерите Мi 171 располагаат со ведра кои носат по три тони воден товар што се истура врз активниот пожар.
Акцијата за гаснење е во тек.