По повод одбележувањето на верскиот празник посветен на Свети Пантелејмон, Црковниот одбор на црквата “Св. Богородица Пречесна” во село Ума, гевгелиско подготвува празнична литургија која ќе се одржи во 13 часот, а потоа свечен и благословен ручек за сите посетители во 14 часот.
Пантелејмон (име кое значи “во се’ како лав”) роден е во 275 година од н.е., а маченички умира како непоколеблив христијанин во 305 година од н.е. за време на прогонот на царот Диоклецијан кога биле убиени 20.000 христијани. Бил еден од 14-те свети помошници во доцниот Среден век, познат во Западното христијанство, а во Источното христијанство важел за еден од Светите неплатени исцелители кои му помагале на луѓето.
Неделниот викенд ден можете да го поминете во природните убавини на Ума и да оддадете почит на овој свет лик од Христијанството.