Во текот на вчерашниот ден (05.08.2023), полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран, која е во состав на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, согласно оперативниот план „Безбедно лето 2023“ реализираа превентивна активност посветена на превенција од сончаница и топлотен удар .
Овие превентивни активности беа спроведени со чамец во водите на Дојранското Езеро и на брегот по плажите.
Граѓаните беа запознаени за ризиците од високите температури, за важноста да внимаваат и да не се изложуваат на отворено, односно на сонце, почитувајќи ги препораките дадени од Министерството за здраство.
Во таа прилика, дополнително, на граѓаните им беа делени и едукативни материјали со практични совети за избегнување на несаканите последици од екстремно високите температури.