Дваесетипет годишник од гевгелиско заработи Кривична пријава од ОВР Гевгелија, а ОЈО Гевгелија ја прифати пријавата и во претходна судска постапка осомничениот доби мерка притвор.
Се работи за лицето Р.П.(25) жител на гевгелиско село, кого ОВР го сомничи за кривично дело „обљуба врз малолетник“. Полициската станица Гевгелија Кривичната пријава ја превзеде поради постоење основи на сомнение дека на 04.08.2023 лицето Р.П. извршил обљуба врз малолетник.
Тој бил лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со делото.
Р.П. бил задржан во полициска станица и по консултации со јавен обвинител поднесена му е пријавата, а од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор.
Осомничениот е од вчера на издржување мерката притвор одредена од Основен суд Гевгелија.