Оваа добра вест ќе ги израдува угостителите, но само за еден ден.
Советот на општина Гевгелија е на намера да го продолжи работното време на угостителите регистрирани на подрачјето на општина Гевгелија за време од еден час повеќе од регистрираното работно време на угостителскиот објект.
Ова ќе се однесува само за 26 август, сабота спрема недела, во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица кој се празнува на ден 28 август, а општината има намера да организира културно-забавна програма насловена „Бела ноќ“.
Баратели на продолжено работно време до 03:00 часот на ден 27.08.2023 се четири регистрирани угостителски објекти во Гевгелија, „Тим груп“, „Милбо груп“, Трио кафе“ и „Кафе Ин“ од Гевгелија..
Ова е најавата, а одлуката ќе биде правосилна со нејзиното донесување, предвидено да се случи на претстојната седница на Советот на општината закажана за 14 август, следниот понеделник.
Значи доаѓа „Бела ноќ“ во Гевгелија, а угостителите ќе ги примаaт гостите еден час подолго од вообичаеното. За очекување е овој чин да биде прифатен од советниците на гевгелискиот Совет.