„Домаќине, добри гости ти дојдоја,
Ај, добар абер ти донесоја.
Стадо ти се, домаќине, објагнило,
Ај, половина облизнило.
Жена ти се домаќине породила,
Ај машко дете ти донела“.
Ова е македонска народна песна која опстојува со векови. Неа ја пејат и уличните свирачи во Гревена, град во севрозападниот дел на Грција (Егејска Македонија).
Денес се навршуваат точно 110 години од потпишувањето на Букурешкиот договор со кој дел од територијата на Македонија им припадна на соседните земји, Грција, Србија, Бугарија и мал дел Албанија.
Ова е доказ дека културата, традицијата, народното творештво на еден народ не изумира и покрај 100 летните временски дистанци, промена на граници. Македонските вредности опстојуваат и живеат