Машката кадетска репрезентација на Македонија по денешната победа над Унгарија од 22:20 ќе се бори за 9 место на Светското првенство во Хрватска.
Ривал на Македонија во борба за 9 место ќе биде репрезентацијата на Чешка, која немаше поголеми проблеми против Саудиска Арабија и славеше со 36:33.
Меѓу избраниците на Раде Стојановиќ се и двајца ракометни кадети од југот на државата: Тодор Узунчев некогашен ракометар на „Партизан“ од Гевгелија, сега член на АД РК „ Мулти Есенс“ од Скопје и Антонио Николовски од Дојран, ракометар на „Младост“ од Богданци.
Без разлика на исходот од утрешниот дуел, пласманот на избраниците на Раде Стојановиќ во ТОП 10 на кадетскиот Мундијал е голема потврда дека Македонија има ракометна иднина.
Ова е втор настап на машка кадетска репрезентација на СП, по она во 2019 година кога како домаќини бевме на 13 место од 24 селекции.
Своевремено, кадетите на Македонија беа дел од ЕП 1994 и ЕП 2014 во Полска, но тогаш завршија на 15 место.
Дуелот меѓу Македонија и Чешка ќе се одигра утре, со почеток од 20:00 часот.