петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Втор шаховски Meморијален турнир „Венци Попов“ во Гевгелија

Во организација на семејството Попови и Шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија оваа недела ќе се одржи Вториот меморијален шаховски турнир „Венци Попов“ со меѓународен карактер.

август 14, 2023
in СПОРТ, ФОКУС
Втор шаховски Meморијален турнир „Венци Попов“ во Гевгелија
0
SHARES
392
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во организација на семејството Попови, а во соработка со Шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија оваа недела ќе се одржи Вториот меморијален шаховски турнир „Венци Попов“ со меѓународен карактер.

Турнирот веќе собра над 100-на шахисти кои се пријавија за учество, а листата на учесници е отворена се’ до 18 август годинава. Шаховските фигури на црно-белата табла ќе ги вкрстат Србија, Бугарија, Грција и Македонија. Од Македонија учествуваат претставници од речиси сите регистрирани шаховски клубови во државата, а од гевгелискиот ШК „7 Ноември“ учество ќе земат 20 гевгелиски шахисти.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

– „Годинава наградниот фонд е зголемен и изнесува 105.000 денари. Ќе се поделат награди за освоените први десет места во рангирањето по бодови и тоа највисоката парична награда од 20.000 денари ќе му припадне на најдобриот шахист, на второпласираниот 17.000 денари, трето рангираниот 15.000 денари и се до 10-то рангираниот кој ќе добие награда од 3.000 денари“ – изјави за GevgelijaNet претседателот на ШК „7-ми Ноември“ Пепи Танчев.

– „Заради успешната година и настапите на гевгелиските шахисти на регионални и државни шаховски натпревари годинава ќе го вреднуваме и наградуваме пласманот на гевгелиските шахисти на Вториот шаховски Меморијал „Венци Попов“ со награди од по 1.500 денари за најдобро пласираниот млад играч до 18 години и награда за најдобро пласираниот шахист од ШК „7-ми Ноември“ на годинашниот Меѓународен шаовски Меморијал 2023. Ова секако како поттик за учество и добра игра која ја очекуваме од сите нив“ – изјави претседателот Танчев.

Првиот Шаховски меморијал „Венци Попов 2022“ се одржа минатата година на иницијатива на семејството Попови, а во соработка со Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, во Негорските Бањи со што беше одбележан 9-годишниот спомен од прераната смрт на гевгелискиот и македонски шахист. На истиот учествуваа 85 шахисти од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Иран.

Натпреварувачите од Првиот шаховски Меморијал „Венци Попов 2022“ во Негорските Бањи

Годинава раководството на ШК од Гевгелија изразува задоволство што својата најава меморијалот да прерасне во традиција успешно ја остваруваат, иако нивните годишни активности имаа турбулентен ритам, настап за влез во Втора шаховска лига, учество на натпревари во втора шаховска лига на Шаховската Федерација на Македонија и за неполн месец подготовки за Вториот меѓународен шаховски Меморијал „Венци Попов 2023“.

Пепи Танчев – претседател на ШК „7 Ноември“ Гевгелија
  • „Гевгелискиот Шаховски клуб е подготвен да пречека над 120 шахисти во нашиот град и да им овозможиме фер игра на годинашниот Меморијален меѓународен турнир посветен на највисокиот шаховски мајстор што го имала Гевгелија, нашиот венци Попов. Задоволство ни’ е што за една година сме оствариле белег на нашата работа и годинава успеавме во пријавените шахисти од државата и странство да привлечеме како учесници шаховски Велемајстори, Интернационални мајстори и Фиде мајстори. Тоа е нашиот успех, и се надеваме на врвна игра. Ќе се одиграат девет кола по 10 минутна игра и плус 5 секунди за довршување на потегот“ – изјави претседателот на ШК „7 Номеври“ Пепи Танчев.

Турнирот ќе се одржи на 20 август во Гевгелија по повод 10 годишнината од прераната загуба на гевгелискиот Фиде мајстор, учсник на Првата југословенска шаховска лига на Југославија, многукратниот првак на Гевгелија, првак на Македонија и професионален шахист Венци Попов (1962-2013).

Венци Попов (1962-2013) – Фиде шаховски Мајстор од Гевгелија
ShareTweetShareSend
Previous Post

Денеска почнува Богородичниот двонеделен пост

Next Post

Асфалтирана улица „Железничка“ во Гевгелија

Next Post
Асфалтирана улица „Железничка“ во Гевгелија

Асфалтирана улица „Железничка“ во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

МВР: Вања со врзани раце и нозе е ставена во вреќа за спиење и убиена

МВР: Вања со врзани раце и нозе е ставена во вреќа за спиење и убиена

2 години ago
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Гевгелија

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Гевгелија

2 години ago
Центар „Мајка Тереза“ со свој штанд за празникот „8-ми Март“

Центар „Мајка Тереза“ со свој штанд за празникот „8-ми Март“

2 години ago
Наградена фотографија од конкурсот „Кожуф во зима“

Наградена фотографија од конкурсот „Кожуф во зима“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025
Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist