Денеска почнува Богородичниот двонеделен пост кој е востановен во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица. Богородичниот пост трае од 14 до 28 август.
Овој посен период му претходи на Успението на пресвета Богородица, најголемиот богородичен празник од православниот календар.
Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.
Богородичниот пост е речиси исто така строг, како и Великиот пост: од понеделник до петок е строг пост, во саботите и неделите е дозволено и масло, додека риба се дозволува само на празникот Преображение
Успенскиот пост треба да биде време, кога од себе го истресуваме она што во нас остарело и омртвело, за да стекнеме способност да живееме – да живееме со потполниот простор, со потполната длабочина и интензивност, кон кои сме повикани, пишува во Православно секојдневие.
Постот е општи правило на Црквата, а на секој му се одредува неговото лично правило со согласност и благослов на духовниот Отец.
Богородичниот пост завршува на 28 август кога се празнува Успение на Пресвета Богородица.