Летниот туристички и патнички шпиц на граничните премини во државата не ја намалува будноста на граничните службеници. Секој од патниците намаат исти побуди, некои патуваат за забава, за туристичко гостување, за летување, некои само транзитираат, но има и такви кои со патувањето сакаат да ги задскријат трагите за себе. И во таков случај граничните полициски службеници остануваат на ниво на својата професионална задача.
Таков пример е вчерашното лишување од слобода на државјанин на Р. Турција.
Вчера попладне, (14.08.2023) во 18:30 часот на Граничниот премин „Богородица“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.О.(46) од Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
При пасошка контрола и проверки било констатирано дека на неговата патната исправа недостигаат повеќе страници.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.