Синоќа во рамките на 34-то издание на турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци 2023“ се одигра „Јуниор супер Куп“. Во дуелите настапија екипи од Гевгелија, Миравци и Валандово. Победници се гевгелиските екипи Скара бар „Тире“ и „Купанов“ од Гевгелија со следните постигнати резултати, секој во својата генерациска група:
Генерација 2009/2010
Скара Бар „Тире“ Гевгелија – 5
„Наше Маало“ Миравци. – 2
Јуниор Супер куп ( генерација 2011/2012)
„КМХ Валандово“. – 2
Месарница „Купанов“ Гевгелија. – 5
На победниците им беа поделени пехари, исто и на носителите на второ место помали пехари, а екипите добија и Дипломи за учество на турнирот од страна на организаторот.
Инаку годинава на турнирот „КМФ Миравци 2023“ учествуваа 13 екипи во јуниорска конкуренција. Нивните пласмани се веќе познати. Листа по генерации:
Генерација 2011/2012
1. Прво место Месарница „Купанов“ Гевгелија
2. „Џокер“ Фурка
3. „Роботи“ Удово
4. ФК „Миравци“ – Миравци
Генерација 2009/2010
1. Прво место „Наше маало“ Миравци
2. „Млаз инженеринг-транспорт“
3. „Лион“ Гевгелија
4. ФК Негорци
Генерација 2007/2008.
1. Прво место „Џокер“ Фурка
2. „КМФ Миравци“
3. „Лозари“ Кавадарци
4. „Сибо текстил“ Марвинци
5. „Црвена ѕвезда“ Јосифово
Честитки за сите пехроносци како и за сите учесници за покажаната игра на терените.