СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(68) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „сквернавење на гроб“.
Пријавената, на 04.08.2023 на селските гробишта во с.Стојаково со тврд предмет во два наврати извршила оштетување на спомен плоча.
Ова дело е казниво според Кривичниот закон на РСМ и според член 319, став 1 на пријавената и’ се запретува казна затвор од една до пет години.
Кривичната пријава е доставена до надлежното Основно јавно обвинителство.