сабота, 30, септември 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

„БАЛАМОВ Компани“ – победник на турнирот „КМФ Миравци 2023“

Победникот од турнирот во 2022 се врати на терените на КМФ Миравци за нов пехар и го освои заедно со наградниот фонд од 100.000 денари и награда за „најдобар голман“ која му припадна на Валентино Милков

август 17, 2023
in СПОРТ, ФОКУС
„БАЛАМОВ Компани“ – победник на турнирот „КМФ Миравци 2023“
0
SHARES
930
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Екипата на „Баламов компани“ од Негорци синоќа во големото финале играше победоносно против „Црна река“ Возарци со резултат 4 : 2 со што стана убедлив победник на 34то издание на турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци 2023“.

Тимот стана добитник на големата награда во износ од 100.000 денари, а добија победнички пехар и Диплома за своето учество и освоен резултат.

Related posts

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Eсен во Серменин – воздушна бања на 500 мнв на Кожуф

Eсен во Серменин – воздушна бања на 500 мнв на Кожуф

септември 29, 2023
Победничкиот пехар за „Баламов компани“ за освоеното ПРВО место го додели градоначалникот на општина Гевгелија
Комплетниот тим на „Баламов компани“ од Негорци со освоената награда за ПРВО место на турнирот „КМФ МИравци 2023“

Најзаслужен за победата освен играчите беше голманот на „Баламов компани“ Валентино Милков кој спаси „тешки топки“ како што велат судиите, со што ја освои и наградата „Најдобар голман на турнирот“. Нему му беше доделен пехар, Диплома за учеството и награда голмански ракавици.

Пехар за ВАЛЕНТИНО МИЛКОВ – прогласен за „најдобар голман“ на турнирот

Во борбата за 3-то место на т.н. „мало финале“ на теренот се соочија екипите на „Алулпласт Васил“ од Јосифово и „Стамков трејд“ од Гевгелија. Носители на трето место стана „Алулпласт Васил“ со резултат 3 : 2, а четвртото место остана за гевгелискиот тим.

Со пехар, диплома за учество и награда од 50.000 денари се стекнаа и носителите на второ место – „Црна река“ од Возарци. Наградата ја додели „Ескејп травел“ како спонзор на турнирот.
Парична награда од 30.000 денари добија од организаторот третопласираните и 10.000 денари 4-то пласираните на турнирот.

ВТОРО место за „Црна река“ Возарци – наградата ја додели „Ескејп травел“

Наградата за најдобар стрелец/голгетер ја освои Слободан Дуков од тимот на „Стамков трејд“ Гевгелија и истата му ја додели Пепи Купанов од фирмата „Купанов“ која е спонзор на турнирот. Покрај пехарот и дипломата од организаторот наградата патики ја обезбеди спонзорот.

Најдобар стрелец/голгетер – Слободан Дуков од тимот на „Стамков трејд“ Гевгелија

Титулата најдобар играч на турнирот ја понесе Ѓорги Стрезовски од екипата на „Црна река“ Возарци. Наградата пехар, диплома и фудбалска топка му беа врачени од претседателот на КМФ Миравци Илија Николов.

Најдобар играч на турнирот е Ѓорги Стрезовски од екипата на „Црна река“ Возарци

Претседателот Николов изрази огромно задоволство од учесниците на турнирот, добрата игра, и фер односи.

– „Имавме извонреден турнир, со бројно учество до 30 екипи, со секојдневна публика, над 2.000 посетители само на финалната вечер. Видовме мирна и чиста игра, што е доказ дека спортот беше главниот порив за учество и спортско дружење на сите во рамките на КМФ Миравци“ – изјави за GevgelijaNet претседеѕелот на турнирот Илија Николов.

Ние само ќе заклучиме дека трииполдеценискиот турнир во мал фудбал во Миравци успева да создава генерации нови спортисти. Доказ за тоа е двојната победа на „Баламов компани“ на турнирот во Миравци, и минатата 2022, и годинава 2023.

Честитки за сите пехароносци!
Повеќе спортски заложби и среќа на терените за сите учесници!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Kривична пријава за Гевгеличанка

Next Post

Се асфалтира клучката кај Прдејци

Next Post
Се асфалтира клучката кај Прдејци

Се асфалтира клучката кај Прдејци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Донирани 79 крвни единици од денешната акција во „Фламинго“

Донирани 79 крвни единици од денешната акција во „Фламинго“

7 месеци ago
Спортска прогноза за натпреварот Србија – Бразил

Спортска прогноза за натпреварот Србија – Бразил

10 месеци ago
ВИДЕО: „Ќе те женам, ќе те сменам“

ВИДЕО: „Ќе те женам, ќе те сменам“

1 недела ago
Богојавление во Гевгелија – ќе се осветат водите на Вардар

Богојавление во Гевгелија – ќе се осветат водите на Вардар

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото
  • Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк
  • Приведен криумчар на казино картички, лекови, брендирана облека

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist