По долго изведување на песни од Тоше Проески, кинескиот музичар Ванг Сјао Чонг конечно ја посети спомен куќата на нашиот ангел во неговото родно Крушево.
Талентираниот Кинез, кој сред Пекинг ги пееше хитовите на Тоше, отпатува во неговиот роден град за да се запознае повеќе со животот на прерано починатиот пејач.
Младиот дечко ја испеја „Чија си“ и „Цреша“ додека престојуваше во Крушево, а фотографии и видеа од неговиот престој во Македонија се споделуваат на социјалните мрежи.
Вљубеникот во ликот и делото на Тоше Проески, кинезот Ванг пееше и пред бројната публика на јавен настап во Крушево.
View this post on Instagram