Топлото време уште мами летувалци и посетители во топлиот југ, посебно Дојранското езеро. Денеска, неделен ден посетеноста е особено зголемена, а предизвиците кои ги носи летото се дел од активностите на припадниците на МВР.
Така, во времето од 07:00 до 13:00 часот денеска, согласно оперативниот план “Безбедно лето-2023″, спроведена е превентивна активност “Превенција од сончаница и топлотен удар”.
Од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и Граничен премин „Стар Дојран“ при Регионалниот Центар за гранични работи „Југ“ на релација од камп Партизан до плажа с.Николиќ на Дојранското Езеро беше непосредно разговарано со туристите кои беа затекнати на овие места, како и со локално население.
Целта на посетите на лицата на плажа и во водите на езерото е за да се запознаат со ризиците од високите температури и како да се заштитат.
На лицата им беше советувано да не се изложуваат на сонце во периодот од 11:00 до 17:00 часот според препораките дадени од Министерството за здравство.
Ова е втора акција на ПЦ за ГР „Југ“ во рамките на оперативниот план “Безбедно лето-2023″ спроведена во Дојран.