На игралиштетот „Мирата“ и годинава по 23-ти пат се одржа фудбалски турнир во Богородица, а по петта година меморијал „Мирче Костов“ во знак на сеќавење и почит на прерано починатиот млад фудбалер од ова населено место.
Учествуваа 22 екипи во 4 конкуренции, возрасни групи од 2011, 2012, 2013 и 2014 година (родени).
До финалето стасаа најдобрите осум екипи, а победничките пехари ги понесоа:
1. „Џокер“ – Фурка, за генерација 2014 (најмалите учесници, 9 годишни играчи);
2. „Фудбал Старс“ – Кочани – генерација 2013;
3. „Месарница Купанов“ Гевгелија – генерација 2012, и
4. „Борец“ Велес – генерација 2011
ФК „Џокер“ по 5-ти пат учествува на турнирот во Богородица, а 4-ти пат е носител на победничкиот пехар.
Конечниот пласман по генерациски категории е следен:
Генерација 2014:
Прво место го освои екипата на „Џокер“ Фурка
Второ место – „Победа“ Валандово
Трето место – „Вардарски“ Богданци
За најдобар голман е избран – Тео Стамков
Најдобар стрелец – Матеј Атанасов
За најдобар играч – Христијан Ѓоргевиќ
Генерација 2013:
1. Прво место го освои екипата на „Фудбал Старс“ – Кочани
2. Второ место – „У-10“
3. Трето место – „Победа“ Валандово
За најдобар голман е избран Дамјан Стоилков
Најдобар стрелец – Илија Цуклев
За најдобар играч – Саше Бојков
Генерација 2012:
1. Прво место – „Месарница Купанов“ Гевгелија
2. Второ место – „Џокер“ Фурка
3. Трето место – „Победа“ Валандово
Најдобар голман е прогласен – Златко Наков
Најдобар стрелец – Душан Петров
Најдобар играч – Филип Лазаров
Генерација 2011:
1. Прво место го освои екипата на „Борец“ Велес
2. Второ место – „Месарница“ Купанов
3. Трето место – „Победа“ Валандово
За најдобар голман е избран Никола Карагонов
За најдобар стрелец се прогласени Мартин Гогов и Михаил Бодев (заради ист број на голови)
Најдобар играч – Марко Грбиќ.
Меморијалот „Мирче Костов“ од 2018 година е посветен на младиот фудбалер на ФК „Кожуф“ од Гевгелија кој несреќно загина во сообраќајна несреќа во 2018 година, а беше фудбалска надеж за гевгелискиот клуб, особено со победата на меѓународен турнир во Франција каде настапуваше и Костов.
Фудбалскиот меморијален турнир во Богородица е поддржан со Програмата за спорт за 2023 година на општина Гевгелија, а има свои верни организатори во фамилија Ангелови и верен спонзор „Са-Хи“ од Богородица. Сите во служба на спортот, другарството и спомените за нивниот млад прерано заминат сограѓанин.
Насловно Фото: ФК „Џокер“ со своите освоени награди на Меморијалот 2023