ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во текот на октомври, пријавениот без согласност на женско лице од Гевгелија, ги искористил нејзините лични податоци и нејзина фотографија и креирал профил на социјалната мрежа Фејсбук со нејзино име и презиме, на кој поставил и нејзина фотографија, известуваат од МВР.
Кривичната пријава од вчера е доставена до надлежноит орган за постапување и одлучување, а тоа е ОЈО Гевгелија.