Во гевгелиско Миравци од дамнина се негува македонскиот фолклор, а познати се игрите на русалиите од овој крај, кои се’ уште се негуват и играт. Куриозитет за сите во земјата е што само во Миравци како русалии се јавуват и помлади играчи, односно деца.
Ова културно-уметничко друштво е основано 1932 година како здружение, а за прв пат в 1935 настапуват под името „Танец“, што значи бележи 91 годишна фолклорна историја од Миравци, гевгелиско и негува незаборавна локална традиција .
Синоќ, на отворената сцена во Секирник, општина Босилово, КУД „Танец“ настапи на фолклорниот фестивал „Русалиски средби 2023“.
Овде бројни играорци го презентираат фолклорот обичаите и традицијата на Македонците бегалци од Кукушко. Станува збор за игри и ора кои ги негуваат потомци на децата од македонскиот егзодус во 1913 година, а се претставија пет Русалиски друштва од земјава.
Еве ја богатата најава за настапот на Русалискиот фолклорен фестивал во Секирник 2023:
Тешкото и захтевно русалиско оро во изведба на младите членови на КУД „Танец“ за публиката беше уникатно доживување зошто го играат деца, ама сепак ги собраа аплаузите од публиката.:
На сцената убедлив настап имаа и женските членови на „Танец“ од Миравци.
На фестивалското дефиле во центарот на Секирник трештеа тапани, а се претставија и играорците од Миравци.
На средбите во Секирник освен домаќините настапија и нашите русалии од Миравци, гевгелиско, Неготино, Делчево и Кочани.