Добредојдовте првачиња!
Ваква порака ги дочека денеска новите првачиња во општина Гевгелија во четирите основни училишта во Општината.
Новите првоодделенци, 228 на број, ги има најмногу во гевгелиските ООУ 186 на број и по 21 во ООУ во Негорци и Миравци.
Годинава бележиме благ тренд на порст на првачињата за 3,6%, односно нови 8 првоодделенци, но помалку за 7,6% од 2021 година кога се запишале 246 ученика.
– „Среќен прв училишен ден првачиња. Единствена почетна линија за развој нека биде учењето и само учењето“ им порачаа во ООУ „Крсте Мисирков“ заедно со пригодната програма која ја изведоа учениците од повисоките оддленија.
Први септември нов образовен почеток во средното општинско училиште во Гевгелија започнуваат и 204 средношколци кои се запишале на струките во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.
Почетокот на школската година започна за над 2500 ученика во основното и средното образование во општина Гевгелија.
Им посакуваме среќно пловење по знањето на сите ученици, научните сознанија да ги впиваат со леснотија и да се наоружат со знаење за животот кој ќе го градат за себе понатаму во иднина.
СРЕЌНО!