Во четрвтокот, на 31.08.2023 во 09:00 часот на наплатна станица „Виничани“ на автопатот А-1, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода Ѓ.М.(37) од село Негорци, гевгелиско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, известуваат од МВР.
Во извештајот на МВР не се наведува колкава количина марихуана е пронајдена кај Ѓ.М.
Сепак, осомничениот се соочува со санкции според Кривичниот закон на МР кој за вакво дело пропишува казна од 3 до 10 години затвор.