Синоќа, односно на поетокот од саботниот ден, на 02.09.2023 година, после полноќ во 01:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Гевгелија го лишиле од слобода И.М.(32 годишен) од Гевгелија затоа што во домот физички ја нападнал неговата 69-годишна мајка.
За причините на нападот нема известување ниту за степенот на повреда на нападнатата во извештајот кој денеска го соопштува МВР.
Сепак, ИМ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.