Роналдо ги поместува сите граници на светскиот фудбал, тој е првиот фудбалер со најмногу постигнати голови во кариерата.
На последниот меч екипата на „Ал-Наср“ каде настапува Роналдо, оствари убедлива победа со 5:1 против „Ал-хазем“, а Роналдо покрај двете асистенции, постигна и еден гол.
Токму овој погодок на Роналдо е јубилеен и историски. Тој е првиот фудбалер кој стигнал до 850 голови во кариерата.
🚨🚨| CRISTIANO RONALDO HAS SCORED HIS 850TH CAREER GOAL 🤯🐐 pic.twitter.com/ghzTV17o88
— CentreGoals. (@centregoals) September 2, 2023
Роналдо има постигнато 450 голови во дресот на Реал Мадрид, 145 како играч на Манчестер јунајтед, 123 пати погодил за репрезентацијата на Португалија, а троцифрен број голови има и како играч на Јувентус и тоа точно 101. Откако е дојден во Ал-Наср, Португалецот погоди 23 пати, а има и пет погодоци уште од времето кога играше за Спортинг.
CRISTIANO RONALDO WHAT A GOAL! pic.twitter.com/cKRxG29gVn
— TC (@totalcristiano) September 2, 2023
Најголем ривал да го достигне Роналдо на вечната листа на стрелци е Лионел Меси. Аргентинецот кој е две години помлад, досега во кариерата има постигнато 818 голови. Јосеф Бичан застана на 805 голови, а легендарниот Пеле во кариерата постигна 765 погодоци на официјални натпревари.