понеделник, 15, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Дарио Ивановски – Балкански шампион во полумаратон

Македонија го има Балканскиот шампион во полумаратон - атлетичарот Дарио Ивановски победи на Балканското првенство во полумаратон што денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај бе“

септември 3, 2023
in СПОРТ
Дарио Ивановски – Балкански шампион во полумаратон
0
SHARES
58
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Македонија го има Балканскиот шампион во полумаратон – атлетичарот Дарио Ивановски победи на Балканското првенство во полумаратон што денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај бе“, што воедно е и најголемиот спортски настан во Битола.

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освен победата на Балканското првенство во полумаратон успеа да го сруши и Државниот рекорд во полумаратон.

Related posts

Атина Бојаџи првата македонска пливачка која го преплива каналот Ламанш

Атина Бојаџи првата македонска пливачка која го преплива каналот Ламанш

септември 9, 2025
Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

септември 5, 2025

Рекордерот на Македонија во повеќе атлетски дициплини, Дарио Ивановски, истрча 21 км за еден час, четири минути и 45 секунди и го сруши државниот рекорд во полумаратон во машка конкуренција.

Дарио Ивановски го прима победничкиот пехар за освоеното ПРВО место на Балканското првенство во полумаратон 2023

Второпласиран беше Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:04:25, трет Романецот Стефан Иулис Гавлила со 1:07:42.

Првите тројца пласирани на Балканскиот полумаратон 2023 одржан во Битола

Во женска конкуренција победи Луиза Гега од Албанија, една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчез и финалистка на последното Светско првенство, со време од еден час, 14 минути и 30 секунди. Второто место го освои Маринела Нинева од Бугарија со заостанување од 53 секунди, а трета е Бугарката Девора Аврамова.

Носителките на медали на Балканското првенство во полумаратон 2023 одржан во Битола

Во рамки на „Трчај бе“ се одржа и Државното првенство во полумаратон каде во машка конкуренција на првите три места избија Дарио Ивановски, Жан Тосев и Мартин Трајановски. Во женска конкуренција прва беше Тамара Јолевска-Попов, втора Марија Остојиќ и трета Жанета Богатиновска-Илиева.

Денеска битолската трка „Трчај бе“ прослави пет години. Трките се одвиваа на 5, 10 и 21 километар низ битолските улици, а учествуваа над 1.700 тркачи од различни земји. Трката веќе стана најмасовниот настан за компаниски тим билдинг, па фирми со седиште во земјава кои имаат вработени и соработници од надвор, ги поканија да трчаат заедно во Битола.

Meѓу учесниците имаше и 17 атлетичари од АК „7 Ноември“ од Гевгелија.

Меѓу учесниците на „Трчај бе“ имаше и 17 тркачи од Гевгелија, членови на „АК „7 Ноември“

Битола и патеката на „Трчај бе“ од оваа година го поседуваат највисокиот сертификат AIMS признат од Светската атлетска федерација, со кој сите постигнати резултати на овие трки ќе бидат меѓународно признати.

Претседателката на Атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска-Зикова рече дека ваквите настани се исклучително важни за да се поттикнат младите да стануваат атлетичари.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Јубилеен 850 погодок на Кристијано Роналдо

Next Post

Иџе победи во Словенија и постави рекорд на патеката

Next Post
Иџе победи во Словенија и постави рекорд на патеката

Иџе победи во Словенија и постави рекорд на патеката

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ФОТО: Не стивнуваат гужвите на ГП „Богородица“

ФОТО: Не стивнуваат гужвите на ГП „Богородица“

1 година ago
ВИДЕО: Поројни поплави во Велес, попладнево

ВИДЕО: Поројни поплави во Велес, попладнево

2 години ago
Театарската дружинa „Дон Кихот“ од Гевгелија со нова комедија „Ванчо“

Театарската дружинa „Дон Кихот“ од Гевгелија со нова комедија „Ванчо“

7 месеци ago
Марија Роглева од Богданци учествуваше на модна работилница „Пјер Карден“ во Париз

Марија Роглева од Богданци учествуваше на модна работилница „Пјер Карден“ во Париз

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното
  • Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени
  • ВИДЕО: Традиционално и годинава „Вкуси го југот“ во Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

Демант од Левица: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното

септември 14, 2025
Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

Приведен возач од Гевгелија, учесник во тешка сообраќајна несреќа во која двајца се тешко повредени

септември 14, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist