Денеска (04.09.2023) околу 08.00 часот во Богданци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Д.Ј.(26) од Богданци.
Тој бил баран по Потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ поради бегство од установата.
Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и еден месец од казната.
По приведувањето, Д.Ј. денеска бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната.