сабота, 30, септември 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home БАЛКАН

ВИДЕО: Поплави во Грција, едно лице загина, а уште едно се води за исчезнато

Станува збор за прва жртва од невремето Даниел што од вчера попладне ја зафати Грција и предизвика поплави од кои засега најпогоден е градот Волос, каде што голем дел од улиците се поплавени, а во прекин е и железничката линија

септември 5, 2023
in БАЛКАН
ВИДЕО: Поплави во Грција, едно лице загина, а уште едно се води за исчезнато
0
SHARES
1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Едно лице го загуби животот, а уште едно се води за исчезнато во поплавите во грчкиот град Волос предизвикани од невремето Даниел што го зафати централниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, загинатото лице е сточар на околу 70-годишна возраст, кој го загубил животот откако, поради лизгање на земјиштето, врз него паднал ѕид додека се обидувал да стигне до местото каде што ги чувал овците.

Related posts

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, 4ца загинати лица, затворен сообраќајот кон Македонската граница

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, 4ца загинати лица, затворен сообраќајот кон Македонската граница

септември 10, 2023
Натпревар во лежење во Црна Гора

Натпревар во лежење во Црна Гора

септември 8, 2023

Станува збор за прва жртва од невремето Даниел што од вчера попладне ја зафати Грција и предизвика поплави од кои засега најпогоден е градот Волос, каде што голем дел од улиците се поплавени, а во прекин е и железничката линија што го поврзува градот со Лариса.

Η κατασταση το πρωι στο Βολο!#Βολος #Θεσσαλια pic.twitter.com/RLoV5oaJDa

— Καθίκι (@KYTKYTKYTKYTKYT) September 5, 2023

Говорејќи за државната телевизија ЕРТ, портпаролот на противпожарната служба на Грција рече дека постојат информации за уште едно лице кое исчезнало со автомобилот и по кое сè уште се трага.

Од силното невреме поплавена е и болницата во градот, а поради поплавите во Волос, преку унифицираниот број за итни случаи 112, до жителите беше испратена порака дека со одлука на полицијата е забранет сообраќајот во поширокиот дел на градот.

Освен во Волос, поплави и проблеми предизвикани од невремето има и во градот Ламиа, исто така во централна Грција, како и на островите Крф и Скијатос.

Поплавени улици во Волос, Грција

Невремето Даниел во Грција донесе обилни врнежи од дожд, проследени со силни електрични празнења, засилен ветер и забележителен пад на температурите.

Невремето се очекува да трае до утре, а прогнозите се дека и во текот на денешниот ден обилни врнежи од дожд ќе има во северна и централна Грција, во делови на Пелопонез и на островите во Јонското море.

Οδός Παπαδιαμάντη, Σκιάθος, Τρίτη 5 Σεπτεμβρίου 2023.
Βίντεο της Ελισσάβετ Ντάφη. pic.twitter.com/dCMDCgt3wL

— meteo.gr – Ο καιρός (@meteogr) September 5, 2023

Говорејќи за невремето Даниел, министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, Василис Какиљс, вчера изјави дека станува збор за екстремен природен феномен истакнувајќи дека внимателност е потреба и од властите и од граѓаните.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Зелена нафта за 1.576 земјоделци од Гевгелија, Богданци и Дојран

Next Post

Во с.Смоквица, гевгелиско, бетонирани улици и улични краци

Next Post
Во с.Смоквица, гевгелиско, бетонирани улици и улични краци

Во с.Смоквица, гевгелиско, бетонирани улици и улични краци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Интервју со Д-р Киров – 20 години здравствена дејност во служба на граѓаните

Интервју со Д-р Киров – 20 години здравствена дејност во служба на граѓаните

1 месец ago
Гевгелија домаќин на Државниот Мотокрос Шампионат 2023

Гевгелија домаќин на Државниот Мотокрос Шампионат 2023

6 месеци ago
Карате клуб Дојран освои 8 медали и пехар на Меѓународен турнир

Карате клуб Дојран освои 8 медали и пехар на Меѓународен турнир

7 месеци ago
Орце Камчев на црната листа на САД

Орце Камчев на црната листа на САД

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото
  • Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк
  • Приведен криумчар на казино картички, лекови, брендирана облека

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist