Грција, Турција и Бугарија се погодени од силно невреме и поплави во кои загинаа најмалку седум лица, вклучително и двајца туристи во камп во северозападна Турција.
Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека уште четири лица се исчезнати во камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија, по поројните поплави. Според него, во кампот во моментот на поплавата имало 12 лица.
#Turkey was hit by flash #flooding in Istanbul this evening following heavy storms. People found themselves trapped in #Başakşehir #NationalLibrary. #yagmur #Istanbul
pic.twitter.com/XCG8HC2rVY— Donato Yaakov Secchi (@doyaksec) September 5, 2023
Телевизиските снимки покажаа дека спасувачите носат девојка и возрасен на безбедно од водата која во некои области достигнала до половината.
Поради дождот оштетен и затворен е и еден главен пат, јави телевизијата Хабер Турк .
Грчката полиција во вторникот нареди возила да се тргнат од улиците на централниот град Волос, блискиот планински регион Пелион, како и на туристичкиот остров Скијатос, бидејќи силната бура „Даниел“ ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени поројни дождови предизвикаа најмалку два смртни случаи, а автомобилите беа однесени од поплавите. Властите испратија сигнали преку мобилни телефони до неколку други области во централна Грција, предупредувајќи ги луѓето да останат во своите домови. Властите евакуираа пензионери дом во Волос како мерка на претпазливост.
#Volos in Greece….. #ClimateActionNow #κακοκαιρία #Βολος #Θεσσαλια #Greecepic.twitter.com/tapxm5eqXr
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 5, 2023
#BREAKING #Greece Horrible flooding in Volos, Greece. pic.twitter.com/BekxvXwYcc
— The National Independent (@NationalIndNews) September 5, 2023
На туристичкиот остров Скијатос, глетката од поплавата е буица од вода низ улиците на населбата. Овде за 24 часа наврнале 754 милиметри дожд, а годишниот просек е 400 милиметри дожд.
#Skiathos – The Aegean paradise.
Until it rains non stop for 24 hours
754 millimeters of daily rainfall has been recorded#πηλιο #βολος #κακοκαιρία #Μαγνησια #Volos #greeceflooding #κυβερνηση_Μητσοτακη #βολος #Greeceflooding #Greece #Thessaly pic.twitter.com/jDQghS6otf— Ratnesh Mishra 🇮🇳 (@Ratnesh_speaks) September 5, 2023
И Бугарија е силно погодена од невремето. Силниот ветер предизвика бранови од два метри на плажите во туристичките места.
Бугарскиот премиер Николај Денков изјави дека две лица загинале, а три се водат како исчезнати по невремето кое предизвикало поплави на јужниот брег на Црното Море. Службите за итни случаи трагаат, соопшти бугарското МВР.
🔴Flooding in parts of Bulgaria’s southern Black Sea coast.
A state of emergency has been declared in Tsarevo municipality due to floods and intense rainfall. It has been raining for more than 10 hours. Streets in Ahtopol are underwater, and there are also reports of people in… pic.twitter.com/xH4szpraob
— Unfiltered Archives (@Unfiltered_Arch) September 5, 2023
Штетите уште не се проценети, но се големи загубите и во човечки животи и во материјални добра.