четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Костадин Воданов – првиот производител на ракија од јапонско јаболко во Македонија

За својот новитет и за производство на традиционална лозова ракија и за најдобар странски изложувач, Костадин годинава освои ТРИ ПРВИ награди на меѓународниот фестивал на ракијата во Апатин, Србија

септември 6, 2023
in МОЗАИК, ФОКУС
Костадин Воданов – првиот производител на ракија од јапонско јаболко во Македонија
0
SHARES
2.4k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Костадин Воданов од Стојаково е првиот човек во Македонија кој произведува ракија од јапонско јаболко.

Таа своја инвентивност успешно ја претстави на љубителите на добрата капка и познавачите на домашните пијалоци, кои кај нас во Македонија се изработуваат како дел од домашната традиција, и на фестивал во Апатин Србија каде освои ПРВО место, победничкиот пехар за квалитет, награда казан за подготовка на ракија, котел од ТО „Апатин“.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Освен својот новитет, ракијата од јапонско јаболо, Костадин ја „испекол“ традиционалната мајсторија на јужњаците во подготовка на лозова ракоја (ракија од грозје) каде на истиот фестивал во Апатин „Чувари на традицијата“ во Србија, годинава освојува ПРВО место, и ЗЛАТЕН пехар во конкуренција од 500 примероци на ракија од грозје од исто толку произведувачи од различни краеви и земји од светот кои учествувале на Апатинскиот фестивал на ракијата.

Костадин Водванов вели дека идејата дошла сама по себе од желба да се создаде нешто ново. Во изминатите пет години експериментирал, а веќе 2021 година со повеќе труд успева да со создаде идеалниот рецепт. Следната година се опреми со машина која го дроби и меле плодот, како му го преработува во смеса која подоцна одлежува. И, така, кроце, стрпливо се ниже процесот на подготовка на победничката ракија од јапонско јаболко.

Знаејќи ги своите производни вредности и добрата капка која ја фалат сите, Костадин и годинава на фестивалот на ракија во Апатин не скриено предвидуваше и очекуваше некоја од наградите:

Костадин својата ракија од јапонско јаболко ја произведува во Стојаково. Од Богданци набавува обична јаболка, а има свои насади од 300 садници јапонско јаболко. Произведува ракија од чиста јаболка, од јапонска јаболка и микс од двете јаболки.

Производниот процес е сличен како и процесот на производство на други видови овошни ракии, од берењето, фрементацијата, дестијацијата, одлежувањето и се’ до додавањето на вкусови.

Костадин вели дека вкусот е уникатен и дека добивал многу пофални зборови од своите блиски пријатели и од купувачите.

Покрај пофалните зборови, овој посветен самоук производител и изумител на нов вид пијалок од јапонско јаболко – Костадин од Стојаково, веќе се закитил со неколку награди и признанија. Една од повеќето награди ја добил на манифестацијата „Чувари Традиције“ која се одржува во областа Апатин во северна Србија, настан на кој се промовираат разни ракии од повеќе земји учесници. Овде добива прва награда за најдобра „Лозова Ракија“ во 2022 година, како и во јуни годинава. Значи, докажана вредност и заслужена награда, која се потврдува со нов медал и победнички пехар и во 2023.

Првиот победнички пехар во рацете на Константин Воданов на фестивалот „Чувари на традицијта“ во Апатин, Србија 2022 година

На годинашната манифестација, повторно во Апатин, „Чувари на традицијата 2023“,  тој освои три награди: за најдобра лозова ракоја, за најдобар новитет – ракија од јапонско јаболко и„најдобар странски изложувач“ на ракија со штанд од поднебјето на југот на Македонија, од Стојаково.

Честитки Дине, да го чуваш рецептот!
Квалитетот на јужната „лозова ракија“ од Стојаково трае!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Од 1 декември евтина дневна тарифа за потрошувачите на електрична енергија

Next Post

ВИДЕО: ПРЕС на Советничката група на СДСМ Гевгелија

Next Post
ВИДЕО: ПРЕС на Советничката група на СДСМ Гевгелија

ВИДЕО: ПРЕС на Советничката група на СДСМ Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Бронзен медал за Билјана Димова од „Мобилност“ Гевгелија

Бронзен медал за Билјана Димова од „Мобилност“ Гевгелија

3 години ago
Кирил Лазаров прв Македонец член на Куќа на славните на ЕХФ

Кирил Лазаров прв Македонец член на Куќа на славните на ЕХФ

2 години ago
Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

2 месеци ago
Успешен настап на КУД „Негорци“ на меѓународен фолклорен фестивал „SUNNY OLIMPIA“

Успешен настап на КУД „Негорци“ на меѓународен фолклорен фестивал „SUNNY OLIMPIA“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist