Денеска и утре ( 8 и 9 септември) во Дојран на плажата Калдрма се одржува меѓународен турнир во ватерполо, за сениори и категорија „мсстерс 40+“, како и за пионери родени 2004 година и за помлади деца.
Овој ватерполо викенд турнир во Дојран е во организација на Македонската Ватерполо федерација во соработка со Општина Дојран.
Датум: Од 8-ми до 10-ти септември
Време: Старт на натпреварите од 10:00 часот
Демнеска Меѓународниот Турнир започнува во 16:30 часот со средби на ватерполо екипите „Локомотива“ и тимот од Ниш, како дуелот меѓу екипите „Расник“ и „Стари град“.
Пионери и Јуниори:
Датуми: Од 8-ми до 10-ти септември
Локација: Плажа Калдрма Нов Дојран
Сениори – Masters 40+:
Датуми: Од 8-ми до 9-ти септември
Локација: Плажа Калдрма, Нов Дојран
Деновиве, во преесрет на ватерполо викенд турнирот во Дојран се изведуваше бесплатната обука во пливање за децата од општина Дојран, во организација на Претседателот и Селектор на Пливачката и ВАТЕРПОЛО Федерација на Македонија, а прекрасната соработка се очекува да продолжи и во иднина, известуваат од Општина Дојран.
Бидете на плажите попладнево и навивајте за својот пливачки фаворит – Дојран, плажа Калдрма.