Во етно-селото Брезна кај Плужине, на северот на Црна Гора, веќе 12-та година по ред се организира натпреварот во лежење.
Натпреварот, кој започна пред 19 дена на отворено, поради дожд и пад на температурата, продолжи во атарот на колибата на етничкото село.
Од 21 натпреварувач на почетокот, останаа 7, а 14 се откажаа од лежењето и од натпреварот.
На тој што ќе идржи најмногу в кревет со лежење му следува награда од 1.000 евра. Толку добива победникот.
Сопственикот на етно-селото е и креатор на овој натпревар, Миќо Благојевиќ.
– „Цел живот слушаме шеги и вицови за Црногорците, па дојдовме на идеја да направиме едно вакво натпреварување. Ова веќе не е регионално, туку меѓународно натпреварување. Имавме учесници и од Русија и Украина. Не знам дали наградата од 1.000 евра е мотивот што лежат олку долго, но упорни се“ – велат од организциониот одбор на натпреварот.
Годинава беше соборен рекордот во лежење после 250 часа непрекинато легачење. Сега се оди во нов рекорд – тој што ќе издржи најмногу ќе биде и победник и нов рекордер.
Учесниците имаат право на секои осум часа да одат на веце на десет минути, а храната и пијалаците им се носат. Додека лежат, смеат да користат телефон, лаптоп и книги, а повремено ги проверуваат лекари.
Претходните рекорди беа 4-5 дена лежење.
„На почетокот бевме 21 и тројца психолози, но тие не можеа да издржат со нас“, – вели Лидија Марковиќ (23), од Никшиќ, сопственичка на салон за убавина (Девојката која поздравува на фотографијата).