Нашата мала хероина Луна Поп-Костова од Гевгелија е на чекор до својата среќа – да замине на толку потребната и итна операција за подобрување на нејзиното здравје.
Од потребите 64.000 евра за таа намена, после многуте одржани хуманитарни акции а Луна, остана необезбедена сума од 6.222 евра.
Се молат добрите луѓе и денеска да свртат на донаторските броеви на телефонските оператори и да донираат 100 денари за надеж, за спас на Луна.
По вчерашната објава на мајката на Луна, Елена Поп-Костова дека хуманата мисија не е завршена, недостасуваат уште 10.000 евра за целиот потребен финансиски пакет за уплата за закажување на операцијата во Турција, денеска за непони 21 час собрани се 3.778 евра од нашинците низ светот, преку меѓународната донаторска платформа „Go Fund Me“.
ЛУНА (во значење на името месечина) поради сколиозата која е во напредна фаза, има искривување на целиот р’бетен столб кој ја поместува скелетната структура и притиска врз органите, најповеќе врз белите дробови. Поради тоа и самата Луна, иако во инвалидска количка не може ниту да седи, ниту да оди, ниту да лежи исправено. Загрозено и’ е дишењето и час поскоро е потребна операција.
Оваа мала душа месечинка моли со насмевка за СПАС.
Свртете на донаторските броеви:
А1 – 143 – 478
Т-мобиле 143 – 104
GoFundMe: https://gofund.me/c9a51403
Донаторски сметки за ЛУНА:
Денарска: 270 – 700 080 222 150
Депонент : „ХАЛК Банк“ – А.Д. Скопје
Девизна сметка:
IBAN – MK07270700080222344
SWIFT-EXPCMK22
HALK Bank
ЛИНК до меѓународната платформа за донации GoFundMe
https://www.gofundme.com/f/apel-for-help-luna-popkostova