Бројот на загинати во големиот земјотрес што го погоди Мароко се искачи на 1.037 луѓе, соопшти мароканското Министерството за внатрешни работи.
Околу 1.204 други се повредени, од кои 721 луѓе се во тешка здравствена состојба.
Во провинцијата Ал Хауз, епицентарот на земјотресот, според Министерството, регистрирани се 542 жртви.
Синоќа во Мароко е регистриран земјотрес со интензитет од 6.8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.
После најсилниот удар изненадените жители на Маракеш ноќта ја поминаа на отворено небо, низ парковите и плоштадите на градот.
Изненадените жители бараа спас во болници и екипи за извлекување на затрупаните лица под урнатините.
Доволен е мал знак дека некој е затрупан – глас, повик, подадена нога под урнатините (фото)