Две сообраќајќи на подрачјето на надлежност на ОВР Гевгелија се пријавени вчера, сабота, 09.09.2023 во кои возачите учесници во сообраќаните несреќи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Гевгелиската болница.
На 09.09.2022 во 17:15 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат 1108, с.Ново Конско – Старо Конско, патничко моторно возило „Мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ц.Ч.(37) од Гевгелија, изгубило контрола и се превртело на коловозот.
По несреќата возачот Ц.Ч. е пренесен во Јавна здравствена установа Гевгелија каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.
Втората сообраќајна несреќа се случила истиот ден (сабота 09.09.2023) околу 21:10 часот на регионалниот пат 1102, клучка „Прдејци“– клучка „Смоквица“, во близина на бензинска станица. Патничко моторно возило „Митцубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(51) од с.Богородица, изгубило контрола и излетало од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.
Фото: МВР архива