Репрезентот на македонската култура и народен фолклор, Куд „Негорци“ од Негорци годинава реализираше успешна меѓународна турнеја на сцените низ Србија, Бугарија, Романија, а во текот на август и во пријателска Турција.
Посленото меѓународно гостување го реализираа во Кушадаси каде што зедоа учество на Вториот по ред Интернационалниот фолклорен фестивал „СОКЕ“ кој е со тенденција да прерасне во традиционален збир на фолклорот од Балканот и Европаските земји.
Фестивалот се одржа од 25 до 31 август, а играорците од Негорци настапија на три фестивалски вечери презентирајќи го роднкрајниот фолклор и традиционалните македонски ора и песни. Настапот не беше натпреварувачки, па аплаузите беа показател за прифатеноста од публиката и наградата за презентираниот македонски фолклор.
На фестивалот учествуваа 10 фолклорни друштва од четири земји: од Македонија, Бугарија, БиХ, Владикавказ, и КУД од Турција „Yatagan asfat“, „Кuzey osetya“ и „Soke belediyesi“.
Куд „Негорци“ постои од 2000 година и со сигурност остварува сценски континуитет од 23 години со креативна работа под раководство на Ѓорги Јованов кој е и кореограф, и инструменталист, и организатор на гостувањата. Негорските играорци настапуваат беспрекорно и ја ширеа и резлеаја македонската песна и ора пред интернационалната публика во туристичкото место Кушадаси во Турција.
Да им посакаме уште многу исполнети сцени со песни, ора и громогласни аплаузи!