На првиот фудбалски турнир за деца насловен „New stars cup 2023“ кој се одржува од 7 до 10 септември во Скопје, фудбалска Гевгелија ја претставуваше подмладокот на ФК „Кожув“ генерација 2013.
Од почетокот на турнирот до вчера тие одиграа пет натпревари и стасаа до четврт финале. Одиграа дуели со екипите на „Мондано“, „Њу старс“, „Фит кит“, „Борец јуниор“ од Велес и „Еуро спорт“ од Куманово. Реализираа две победи, еден нерешен резултат и две загуби. Постигнаа се’ вкупно 13 голови во противничките мрежи, а примија 9.
Ова се резултатите:
ФК „Кожув“ – Мондано – 7 : 1
„Њу старс“ – КОЖУВ – 3 : 1
КОЖУВ – „Фит кит“ – 3 : 1
КОЖУВ – „Борец јуниор“ Велес – 1 : 1
„Еуро спорт“ Куманово – КОЖУВ – 3 : 1
Во 1/4 финалето се сретнаа на теренот со екипата на „Еуро спорт“ Куманово и по поразот тука го завршија турнирот нашите 10-годишни фудбалски подмладоци од Гевгелија.
Се’ на се’ добра игра од нашите фудбалски надежи на првиот фудбалски турнир за деца „New stars cup 2023“ и задоволителен приказ на наученото и пренесената фудбалска игра од нивниот тренер Никола Караколев.
Посебна придобивка од учеството на турнирот беше и можноста нашите деца фудбалери да учествуваа на натпреварот на Македонија – Италија за квалификации за ЕУРО 2024 и од близу да видат игра на фудбалери репрезентативци и професионалци во спортот.
Фото галерија од играта на терените на „New stars cup 2023“ кој се одржа во Скопје.