Во финалето на УС Опен кој се играше вечерва, Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари рафална победа со 3:0 во сетови, (6-3, 7-6/5, 6-3), над рускиот тенисер Даниел Медведев и ја освои 24.-та Грен слем титула во кариерата.
Со овој голем турнир Новак Ѓоковиќ се израмни со Маргарет Корт – и двајцата го делат првото место на вечната листа по бројот на Грен слем турнири.
Новиот светски рекет број еден освои три Грен слем турнири оваа година и се враќа од американскиот континент побогат за три милиони долари.
Вака го одигра последниот победнички поен кој го однесе до трофејот.
На вечната листа Ѓоковиќ сега има две титули повеќе од Надал и четири од Федерер.
За својата победа на свечената церемонија Новак изјави:
– „Не знам од каде да почнам, многу ми значи. Морам да кажам, живеам детски сон. Се натпреварувам во спортот кој на моето семејство му даде сè. Дојдовме од тешка ситуација во 90-тите, војни. Моите родители многу ме поддржуваа, ми дадоа поддшка. Ова е скап спорт, не е достапен за секого. Никој во моето семејство не играше тенис, па малку чуден избор. Имав голема поддршка. Ова е ваш трофеј колку што е и мој. Ве сакам“ – изјави Ноле после победата во славеничката церемонија.
Првите емоции по победата ги сподели во прегратките со своите деца.
Priceless 🤗🤗🤗 pic.twitter.com/R1Lr0hBiHq
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
Пишувањето историја е нешто посебно. Специјално на секој можен начин. Имав детски сон да бидам шампион и да го освојам Вимблдон. Кога го постигнав тоа, се појавија нови цели. Не верував дека ќе бидам со вас и ќе зборувам за 24. Грен слем титула. Во последните неколку години сфатив дека имам шанса да правам историја.
– „Пред седум дена размислував за дресот, никому не му кажав до пред некој ден. Коби ми беше близок пријател. Многу зборувавме за победничкиот менталитет, како да се вратиме после повреда. Како да се биде на врвот. Тој беше еден од луѓето на кои најмногу сметав, секогаш беше подготвен да ме поддржи. Бевме многу потресени од неговата смрт. Носеше 24 кога стана легенда на Лејкерс“, рече Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ по победата на себе стави маица со Коби Брајан и бројот 24, оддавајќи почит на кошаркарската легенда.
Novak hits 24 and pays tribute to the late Kobe Bryant 💙 pic.twitter.com/rDXVUvYe1Z
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
.
На церемонијата на доделувањето на наградите организаторот му се обрати на Новак со зборовите:
– „Њујорк те сака. Среќни сме што се врати во Њујорк“ (на турнирот УС Опен), бидејќи претходно поради вакциналните ковид протоколи во САД не му беше дозволено да влезе во земјата.
Ноле се врати, со победа, со трофеј и со нова Грен слем титула, најмногу од сите актуелни тенисери во светот, докажувајќи дека е светски тенисер број 1, тенисер кој испишува историја!