Денеска на свечена церемонија во кругот на новоизградената социјална зграда во областа на некогашна Касарна во Гевгелија се изврши функционално предавање на зградата во употреба со доделување на клучевите од становите на 28 семејства, жители на општина Гевгелија, сите од социјален ризик.
Клучевите од становите ги додели Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.
Пред тоа им се обрати на новите станари, кои беа поканети на церемонијата
– „Нема да дозволам да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава. Ранливите категории граѓани сами нема да ги решаваат своите потреби без поддршка на државата, затоа правиме системски решенија – домувањето е едно од тие решенија“ истакна премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски на семејствата им посака:
– „Убави моменти со Вашите најблиски, во Вашите домови и да Ве служи здравјето. Нека е со среќа“
Честитките беа од срце, а солзите радосници сами доаѓаа. Овде имаше семејства кои над 20 години биле подстанари и со овој чин за првпат стекнуваат дом.
Распределбата беше транспарентна со јавен оглас на кој конкурираа граѓаните од ранливите групи, семејства во социјален ризик, самохрани родители, деца самци без родители со ниски лични примања и корисници на една од мерките за социјална помош, преку Центарот за социјални работи Гевгелија.
Ковачевски беше во придружба со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргиевски. По доделувањето на клучевите од становите тие посетија некои од семејствата во новите станови. Возбудата беше голема, среќата уште поголема.
Распределбата беше транспарентна со јавен оглас на кој конкурираа граѓаните од ранливите групи, семејства во социјален ризик, самохрани родители, деца самци без родители со ниски лични примања и корисници на една од мерките за социјална помош, преку Центарот за социјални работи Гевгелија.
Министерот Бочварски посочи дека да се има дом не е привилегија туку основно човеково право кое еве оваа Влада на СДСМ го испорачува со изградбата на социјални станови во повеќе општини во државата, меѓу кои и во Гевгелија.
Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргиевски, посочи дека зградата е инвестиционен влог на Владата од 102 милиони денари, дека се изградени 54 станови со површина од 38 и 40 метри квадратни. По распределбата денеска на првите 28 стана, ќе следува и јавна постапка за доделување на преостанатите 16 стана.
– „Благодетот на социјалното домување веќе го чувствуваат многу наши граѓани од Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, овде во Гевгелија, а од денеска и 6 семејства во Демир Капија. Социјални станови ќе добијат и наши граѓани од Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани.
На семејствата кои денеска добија социјални станови им посакувам многу здравје и убави моменти во новите домови“ – истакна Премиерот Ковачевски.
Социјалната зграда во месноста „Касарна“ во Гевгелија денеска доби нови станари во новите домови изградени со поддршка на Владата. Во сите нив жителите нека најдат семејна радост и среќа.