Македонската фудбалска А репрезентација во својот петти натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија триумфираше на гостувањето кај Малта со 0:2.
Фудбалската селекција на Македонија со победа го заврши септемврискиот репрезентативен прозорец на УЕФА, откако во рамки од шестото коло од групата Ц од квалификациите за ЕП славеше над Малта со сигурни 0-2 (0-2).
Првиот гол го реализиравме во 5-тата минута преку Елмас, а вториот беше дело на Манев во 41 минута. За погодоците капитенот Барди двапати беше асистент.
Dopo la bella prova contro #Italia, #Elmas contro #Malta la sblocca così🇲🇰💎 pic.twitter.com/3nRvom6dg3
— Davide (@Davide78370768) September 12, 2023
Нашите фудбалери со головите на Елмас и Манев впишаа нови три бода на своето конто во квалификациите на Македонската фудбалска репрезентација за Европското првенство. Со оваа победа Македонија остана на четвртата позиција на табелата со седум бода, колку што имаат Украина и Италија. Лидер е Англија со 13 бода.
Вечерва се играше на стадионот: „Та Али“, во Ла Валета, пред 3.458 гледачи.
Следниот меч нашата А селекција ќе го има на 14 октомври во Прага (Чешка) против репрезентацијата на Украина.