сабота, 30, септември 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

СВЕТА Архиерејска литургија по повод 2 години од преосветувањето на Црквата „Св.Кирил и Методиј“ Гевгелија

Во слава на 127 годишнината од подигањето на црквата „Свети Кирил и Методиј“ Гевгелија и две години од нејзиното преосветување по целосното реновирање

септември 15, 2023
in ФОКУС
СВЕТА  Архиерејска литургија по повод 2 години од преосветувањето на Црквата „Св.Кирил и Методиј“ Гевгелија
0
SHARES
179
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија овој месец одбележува две години од преосветувањето на црковниот храм, а исто така годинава се навршуваат 127 години од изградбата и постоењето на оваа света македонска црква сместена во средишниот дел од градот Гевгелија.

По тој повод Гевгелиското Архиерејско намесништво подготвува Свeта Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високоправосвештенство Господин Агатангел со многубројно свештенство.
Настанот е закажан за недела, 17 септември во Црквата „Св.Кирил и Методиј“ во 8:30 часот, а претходно во 08:15 часот ќе биде пречекан Архиерејот.

Related posts

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Eсен во Серменин – воздушна бања на 500 мнв на Кожуф

Eсен во Серменин – воздушна бања на 500 мнв на Кожуф

септември 29, 2023


Инаку чинот на осветувањето на црквата беше изведен на ден 19 септември 2021 година по сеопфатното реновирање на објектот (градежно, електроинсталационо, фасадно) и со изработка на нов фрескоживопис. Овој зафат траеше од 2017 до 2021 година, каде најголем дел изнесуваа работите на фрескоживописот.

За вредноста на црковните добра зборува и фактот што во црквата се наоѓаат девет икони од познатиот македонски зограф Димитар Андонов – Папрадишки. Воедно, црквата се одликува со голем и убав иконостас.

Самата градба на црквата е подигната во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на самата Црква. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година, а во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.

Новата приватна стопанска економија овозможи блискост на спонзорите со Црквата така што голем дел од фрескоживописот е создаден со донаии од црковни добротвори, а градежните работи се финансирани од редовните приходи на црквата, со средства од Повардарската епархија и со донации од физички лица и верници, во вредност од 5 милиони денари.


Добредојдени сте да присуствувате на Свечената Архиерејска Литургија во недела, каде светите зборови ќе го облагородат црковниот храм повторно, како пред две години, а ќе го облагородат и Вашето присуство и битие.

ShareTweetShareSend
Previous Post

КУД „Негорци“ со дипломи и награди од 38-ми МФФ „Истибањско здравоживо“

Next Post

Уапсени дилери на дрога од Гевгелија и Струмица и уживатели на дрога

Next Post
Уапсени дилери на дрога од Гевгелија и Струмица и уживатели на дрога

Уапсени дилери на дрога од Гевгелија и Струмица и уживатели на дрога

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Ансамблот „БОЈМИЈА“ ги почести гевгеличани со НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Ансамблот „БОЈМИЈА“ ги почести гевгеличани со НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

10 месеци ago
Одобрени 664.644 Евра од ЕИБ за општина Гевгелија

Одобрени 664.644 Евра од ЕИБ за општина Гевгелија

2 месеци ago
Трагична сообраќајна несреќа, загинa возач од Гевгелија

Трагична сообраќајна несреќа, загинa возач од Гевгелија

8 месеци ago
Јуниор супер Куп во Миравци – победици се „Тире“ и „Купанов“ од Гевгелија

Јуниор супер Куп во Миравци – победици се „Тире“ и „Купанов“ од Гевгелија

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото
  • Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк
  • Приведен криумчар на казино картички, лекови, брендирана облека

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

Дојран со владини средства од 135 милиони денари ќе го заштити езерото

септември 30, 2023
Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

септември 30, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist