Пожар го зафатил покривот на Капали чаршија во Истанбул, еден од најголемите и најстарите базари во светот популарен кај туристите, јавуваат локалните медиуми.
Пожарот наводно од непозната причина избувнал синоќа околу 23:00 часот по локално време на покривот на пазарот во областа Султанахмет во центарот на градот.
Бројните пожарникари кои пристигнале на местото на настанот успеале да го стават пожарот под контрола, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.
Капали чаршија во Истанбул работи од 15 век. Базарот или чаршијата има вкупна површина од 30.700 метри квадратни и дневно го посетуваат околу 400.000 луѓе.
Ваква беше глетката синоќа од Истанбул и чадот кој се издигаше над Капали чаршија, снимена од изненадените шетачи долж Истанбулската ривиера.
Медиумите денеска во потрага по одговорот на прашањето што сите си го поставуваат: „Зошто избувна пожарот во Големата чаршија?“
Капали чаршијта била опожарена и за време на Втората Светска Војна. Каква трагедија денеска ја погоди оваа убавица од Базар
https://youtube.com/shorts/BwJCIZLKvOk?si=HpXlGwuhXehAW0F3