Игор Стефановски Иџе е нов европски првак на ридски патеки, откако победи и на последната трка што се возеше во Хрватска уште еднаш ја покажа доминацијата.
„За мојата Македонија, за мојот народ“, беше првата реакција која Стефановски ја објави на социјалните мрежи.
За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.
Свијата доминација на трасата ИЏЕ ја покажа уште на првата трка, за минутка ипол побрз од автомобилот зад него:.
Сезонава Стефановски дојде до седум победи од вкупно десет трки во својата категорија, а трипати беше второпласиран, па јасно е дека трофејот е заслужен.
Стефановски имаше и со кого да прослави, бидејќи околу 50-тина навивачи од Македонија беа присутни да го бодрат Иџе, на последната победничка трка која му го донесе и евроспкиот трофеј за најуспешен возач на ридски патеки.