Гевгелискиот тенисер, јуниор Александар Груиќ е ПОБЕДНИК на турнирот „Круна Опен 2023“ што го организира гевгелискиот тениски клуб „Круна“.
Тој во финалето го победи Мартин Стојмировски од Кочани со резултат 7:6(5)/6:4.
Младиот гевгелиски тенисер не се плаши да победи и постари од себе. Ова е нов престиж за него на домашен терен по освоеното второ место на истиот турнир минатата година.
Победникот доби Пехар, Медал, диплома за ПРВО место и парична награда од 16.000 денари.
Вториот финалист, кој остана на второ место освои исто така пехар за Второ место, диплома и нарична награда од 8.000 денари.
Награди понесоа и полуфиналистите, во износ од 3.000 денари.
На турнирот учество зедоа 32 тенисери и повеќе тениски клубови од државата.
Инаку Александар Груиќ е Државен првак во тенис за тенисери до 14 години на одржаниот Државен турнир во нај годинава кога освои ПРВО место и ЗЛАТЕН Пехар.
Aлександар годинава е во полна снага за собирање трофеи: на 17 мај освои 1-во место двојно (парови), 3-то место сингл на Државното првенство во тенис за јуниори до 14 години одржано во Скопје на терените на „МТП“ Скопје.
Претходно на 22 април освои ТРЕТО место на „Aqua Gala CUP 2023 Tennis Europe U14“ што се одржа во Белград, Србија. Иако е 14 годишен тој понесе победа и над поголеми од себе – така на 11 март годинава ја оствари првата победа до 18 години на ОП Македонија и крај во 1/8 финале, од вториот носител. За него ново искуство и потстрек за понатаму…
Запомнете: Александар Груиќ – Државен првак за Македонија и ШАМПИОН на турнирот „Круна опен 2023“ во Гевгелија!