Млад гевгеличанец заработи кривична пријава од Секторот за внатрешни работи Валандово.
Кривичната пријава е поднесена против Е.П.(29) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
ОВР валандово го терети за следново: „На 29.08.2023, пријавениот при склучување на договор со рент а кар фирма во Струмица за изнајмување на патничко возило на увид дал возачка дозвола за која по извршени проверки било констатирано дека е фалсификувана.
ОВР Валандово пријавата до осомничениот гевгеличанец ја поднесе вчера до надлежното Јавно обвинителство, а тоа е ОЈО Гевгелија.