Здружението на граѓани „Мобилност“ од Гевгелија доби донација од Општина Гевгелија која се состои од три електромоторни помагала за лица со телесен инвалидитет.
Вредноста на донацијата изнесува 418.000 денари, со пресметан ДДВ, а средствата се обезбедени од Општинскиот буџет за 2023 година.
За обезбедување на донацијата беше распишана тендерска набавка која опфаќаше три автоматизирани помагала, односно:
– една електромоторна количка со контролна табла (џоистик),
– електромоторен скутер и
– електромоторен приклучок.
Овие помагала минатата недела беа предадени трајно во употреба на корисниците, членови на Здружението за лица со телесен инвалидитет „Мобилност“- Гевгелија, на заедничка средба со претставници на Општината и „Мобилност“ во просториите на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија.
Средбата беше срдеча и благодарна со искажани зборови на задоволство на остварената соработка и тоа што локалната самоуправа со Програмата за социјална заштита на општина Гевгелија за 2023 најде средства за подобрување на животот и олеснување на функционалноста на инвалидизираните лица со набавка на вакви технички помагала.
Прва од среќниците беше Фанка Динева од Миравци која благодарејќи на социјалната програма na MТСП за создавање услови за функционирање на инвалидизираните лица во својата заедница се прсели од групен дом во Струмица да живее во своето родно Миравци, а електромоторната инвалидска количка ја направи лесно мобилна како во домот, така и во дворот од нејзината куќа.
Убави вести за грижа на инвалидизираните лица на локалната самоуправа со користење на средства од локалниот буџет, тој кој со данок на имот го полнат сите граѓани на општина Гевгелија.