Споредните стари, или регионални патишта редовна траса на мигрантскиот коридор кој поминува на југ, низ територијата на Гевгелија, Богданци и Дојран. Вечерва во една таква акција на регионалниот пат Стојаково-Богданци откриен е криумчар на мигранти кој превезувал нелегално 11 мигранти, државјани на Сирија.
Настанот се случил денеска, приквечер, (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, кога полициски службеници од Регионалниот Цантар за гранични работи „Југ“- Полициска станица за ГП и Граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје.
Тој во товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија.
Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Фото: МВР на терен вечерва