Гевгелиската фирма СЗД „КАВАЗ“ во соработка со фирмата „Термо Динамик“ од Куманово го организира рекламниот караван за презентација на ТОПЛИНСКИ ПУМПИ, ФЕНКОЈЛЕРИ, КЛИМА УРЕДИ и се’ останато од асортиманот на добро познатиот и светски бренд „АРИСТОН“.
Термо Динамик е главен застапник во цела Македонија на светскиот бренд Аристон, а главен соработник за Гевгелија е СЗД „Каваз“.
Презентацијата ќе се одржи на градскиот плоштад во Гевгелија утре, среда, 4 октомври 2023, со почеток од 10:00 часот и ќе трае до 18:00 часот.
Од СЗД „Каваз“ кои имаат како главна дејност монтажа, сервис и одржување на парно греење и климатизација, најавуваат дека на самата презентација освен што граѓаните ќе можат да ја видат шиироката понуда на „АРИСТОН“ ќе можат и да нарачат, или да се снабдат со некои од нивните производи.
За монтажата надлежна е гевгелиската фирма. Зато велат дека ги очекуваат заинтересираните гевгеличани, или оние кои бараат реение за затоплување, пред почетокот на грејната сезона, да повелат утре на презентацијата на гевгелискиот плоштад.
: „Ве очекуваме во што поголем број. Не пропуштајте ја оваа можност и презентација на најдоброто од Аристон“ велат од СЗД „Каваз“