Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари. Нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новите Цени за еден литар горива ќе ианесуват:
– Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари,
– ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 1л ќе чини 85,5 денари,
– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар,
– маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари.
За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,976 денари.
Новите цени на бензините почнуваат да важат после полноќ, на 06.10.2023 во 00:01 часот.
Значи, одложете го точењето на бензин за после полноќ.
РКЕ донесе одлука и за враќање на поевтината дневна тарифа за електричната енергија која домаќинствата ќе можат да ја користат од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот.
Секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина.