Цело лето низ Гевгелија хараа мопеди, управувани од малолетници, се движеа во групи и практикуваа ноќно возење со бучава и после полноќ. Освен бучавата со која ги вознемируваа жителите на кои им требаше сон за утрешниот работен ден, среќата ги послужи да нема никакви несреќи. Сепак вчера се случи сообраќајна несреќа во која се судриле мотоцикл и мопед.
Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на 04.10.2023 (среда) во 14:10 часот се случила сообраќајна несреќа на крстосница помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Илија Миов“ во Гевгелија, која се наоѓа на јужниот дел од градот.
Учесници во сообраќајката се мотоцикл „КТМ 390“, управувано од Ј.Ц.Л.(38) од Гевгелија и мопед „Хамачи“, управуван од малолетник од Гевгелија, двете со гевгелиски регистарски ознаки.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил Ј.Ц.Л., констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
Фото: МВР архива