“Доброто образование може да промени било кого, но добриот УЧИТЕЛ може да промени СЕ’!”
Годинава се навршуваат 79 години од организираната образовна дејност во општина Гевгелија, еден од битните столбови на општествениот развој во послевоена Македонија. Во 1944 год. почна наставата на основно образование во Гевгелија и гевгелиско, а една година потоа почна со настава и првата неполна гимназија. Дејноста ја обавуваа првите обучени учители.
Добриот наставник е како свеќа – се троши себе си за да им го осветли патот на другите!
Нека им е честит Меѓународниот ден на учителот, со искрена благодарност за сиот нивен вложен професионален труд за нас, за нашите деца, за новите генерации!
Фото: Наставничкиот колегиум на УЦ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија од 60-те години на XX век, во дворот пред новоизградената зграда на гевгелиската Гимназија, институција со 78 години образовна мисија на генерации претходници и нови наставници